Според УХМР, во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, а попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува сончево и топло време со мала умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, а попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 16 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 20 до 32 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 31 степен.
Според најавата на УХМР, до крајот на неделата во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец кој ќе достигне брзина и до 40 километри на час.
