Според Управата за хидрометеоролошки работи, в среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а потоа, во наредните денови, ќе преовладува претежно стабилно време, без значителни промени на дневните температури
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од девет до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 34 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, в среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа, во наредните денови од оваа седмица, ќе преовладува претежно стабилно време, без значителни промени на дневните температури.