УХМР најавува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност
Денеска нè очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 26 до 36 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер, главно од јужен правец. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 12 до максимални 35 степени.
УХМР најавува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.