Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на следната недела дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнат и 40 степени
Сончево и многу топло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Температурите ќе Скопскиот Регион ќе се движат од минимални 16 до максимални 39 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на следната недела времето ќе биде претежно сончево и многу топло, а дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнат и 40 Целзиусови степени.