Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец
Денеска нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 21 Целзиусов степен, а максималните се ќе искачат од 29 до 39 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 18 до максимални 39 степени.
Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и со услови за локална нестабилност поради продор на посвежа воздушна маса од север.