УХМР најавува дека во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

УХМР најавува дека во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Поради продолжениот топлотен бран, Владата издаде препораки до работодавачите, во периодот од 23 до 26 јули, да ги ослободат од работа бремените жени и лицата постари од 60 години, да се овозможи работа од далечина таму каде што има услови, како и флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо.