Од ССК не ги наведуваат конкретните причини за разрешувањето на Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски. Единствено се наведува дека Сојузот останува посветен на транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој
Сојузот на стопански комори (ССК) на Македонија информира дека на седница на Управниот одбор е донесена одлука за разрешување на Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски од функциите потпретседатели на Сојузот.

Како претставници на компании-членки, тие се ислучени и од членството во ССК.
Од Сојузот појаснуваат дека врз основа на оваа одлука, Георгиевски и Костадиновскивеќе немаат никаква поврзаност со Сојузот на стопански комори, ниту, пак, имаат право да се претставуваат во име на Сојузот.
„Апелираме до сите медиуми и јавноста да не го користат логото, полниот или скратениот назив на Сојузот на стопански комори на Македонија во контекст на појавување, изјави или настапи на горенаведените лица, со цел да се избегне погрешна претстава и злоупотреба на имиџот и интегритетот на Сојузот“,
се наведува во соопштението што ССК го испрати претпладнево до медиумите.
Од ССК не ги наведуваат конкретните причини за разрешувањето на двајцата потпретседатели. На крајот на соопштението единствено се додава дека Сојузот останува посветен на транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој на државата.
Актуелен претседател на Сојузот е Трајан Ангелоски. Тој на оваа позција е избран на 22 ноември 2021 година на седница на Собранието на Сојузот на стопански комори.