Од Државниот испекторат за труд за Алсат појаснуваат дека исплатата на празнична дневница е задолжителна. Бидејќи денеска е верски празник трговијата на мало и големо е дозволена, но утре маркетите и продавниците не смеат да работат
На работниците кои работат на празник треба да им биде исплатена дневница од најмалку 250 проценти, посочуваат од Сојузот на синдикати и најавуваат дека од понеделник ќе поднесуваат пријави до трудовиот инспекторат кој ќе треба да провери дали на крајот на месецот работниците добиле празнична дневница.
Сидикатите ги повикаа работниците да пријавуваат доколку не им била исплатена дневница, а работеле за празник.
„Им укажуваме дека доколку работат на празниците им следува дневница од 250 проценти или тоа значи дневница за колегата кој седи дома и му е платен работниот ден и една дневница затоа што работи на празник, зголемена за 50 проценти. Ова право е уредено во Општиот колективен договор во приватниот сектор и се применува без оглед на тоа што во Законот за трговија се пропишува дека дневницата треба да биде повисока до 100 проценти“,
објаснуваат од ССМ.
Од Државниот испекторат за труд за Алсат појаснуваат дека исплатата на празнична дневница е задолжителна. Бидејќи денеска е верски празник трговијата на мало и големо е дозволена, но утре маркетите и продавниците не смеат да работат.
„Работодавачите на верските празници можат да вршат дејност трговија на мало и големо и се должни да исплатат празнична дневница за секој час поминат на работа. Додека за сите државни празници кои се неработни денови за сите граѓаните работодавачите не смеат да вршат дејност на големо и мал,о освен со пропишаните искучоци во Законот за трговија“,
велат од Инспекторатот.