Во отвореното писмо до Борисов, Захариева и амбасадорите во Бугарија, триесетина интелектуалци, меѓудругото, предлагаат Коридорот 8 да се именува „Гоце Делчев“, како „наследство од минатото, кое не го дели, туку го зближува народот од двете страни на границата“
Бугарската влада веднаш да одобри почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, а дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата…
Со вакви барања излегоа група интелектуалци од Бугарија, во отворено писмо до бугарските премиер Бојко Борисов, министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки, како и до канцеларијата на ЕУ во Софија.
Тие предлагаат еден од првите чекори да биде именување на Коридорот 8, „Гоце Делчев“.
„Токму тоа треба да биде симбол, наследство од минатото, кој не го дели, туку го зближува народот од двете страни на границата“,
се наведува во писмото на бугарските интелектуалци.
„Исклучително загрижувачки е фактот што Бугарија го блокираше почетокот на преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ, со аргумент кој е неразбирлив за современите меѓудржавни односи. Бугарија поради тоа ќе претрпи штети со непредвидливи последици на својот имиџ на различни ненационални нивоа. Во прашање се пријателството, добрососедството и соработката помеѓу Бугарија и Северна Македонија, кои се главните столбови на Договорот за пријателство. На таа линија, алармантно зачестуваат пројавите на навреди од двете страни, вклучително и на високо политичко ниво, на ароганција и кратковидни историски интерпретации со живописен националистички и шовинистички вкус.”
се наведува во писмото.
Интелектуалците оценуваат дека кризата во односите меѓу Софија и Скопје не ги доведува во прашање само меѓусоседските односи, туку и соработката во рамките на атлантското партнерство, како и натамошниот тек на проширувањето на ЕУ и геополитичките опасности на кои ќе се изложат земјите.
„Несоодветно е да се очекува дека во кој било процес на преговори, кој било менаџерски тим во светот ќе преземе самоубиствени активности, донесувајќи политичка одлука за самоидентификација на своите граѓани и тврдејќи дека од дадена година целото население како целина преминало од една во друга етничка група.
се нагласува во писмото.
Да не заборавиме на трауматското искуство на Бугарија од времето на комунистичкиот режим за постигнување на „историската вистина“, кога политичките одлуки наметнаа процес на асимилација на етничките Турци, Помаци и Ромите, со цел да се ‘ревидира’ нивнотоетничко потекло и религиозно припадност и наметнување на бугарската и христијанската ‘самоидентификација’ – на живите и мртвите. Не треба да го превидиме фактот дека ‘историската вистина’ за која станува збор е постигната со одлуки на ‘авторитетни историски комиси’“,