Претседателот Стево Пендаровски, на својата фејсбук-страница изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора.
„Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II. Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации“,
напиша Пендаровски.
