Мандатарот Зоран Заев денеска најави дека прво треба да се утврди бројот на потпретседатели во новиот парламент и евентуално да се изберат новите носители на овие функции, пред да се оди на избор на владата
Собранието утре на седница ќе го утврдува бројот на потпретседатели на парламентот во овој состав.
Според предлог-одлуката која единствена точка на дневниот ред на утрешната седница, и во овој собраниски состав ќе може да има најмногу пет потпретседатели.
На почетокот на седницата, се очекува да биде констатирана оставката на Флорин Бесими (брат на кандидатот з министер од ДУИ, Фатмир Бесими) и евентуално оставките што би ги поднеле мандатарот за состав на владата Зоран Заев и другите новоизбрани пратеници од мнозинството кои се номинирани за министри.
Заев најави денеска дека прво треба да се утврди бројот на потпретседатели во новиот парламент и евентуално да се изберат новите носители на овие функции, пред да се оди на избор на владата.
Последен рок за доставување на новиот министерски список во Собранието е 2 септември, но брзото закажување на втората седница на Собранието е своевидно навестување дека Заев можеби нема да чека дотогаш, туку ќе го достави предлог – составот на Владата во наредните денови.
Потоа, спикерот Талат Џафери треба да закаже нова седни а во рок од 15 дена.
Во претходниот собраниски состав беа утврдени пет потпретседателски места, ама ВМРО-ДПМНЕ до крај одбиваше да номинира свој пратеник за оваа функција, како што ги избегнуваше и координациите кај Џафери, оспорувајќи го неговиот избор на чело на парламентот на 27 април 2017 година.