Пратениците минатиот четврток изгласаа, а собранискиот претседател Африм Гаши ја потпиша одлуката за распишување оглас за нов народен правобранител
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на денешната 60. пленарна седница соопшти дека е констатиран престанок на функцијата на народниот правобранител Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија. Зибери беше на оваа функција заклучно со 12 јули.

„Ве известувам дека народниот правобранител Насер Заибери на 12.7.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став 1 од точка 3 од Законот за Народниот правобранител на народниот правобранител Насер Зибери му престанува функцијата народен правобранител на 12 јули 2025 година поради исполнување на условите за старосна пензија“,
рече Гаши на почетокот на денешната собраниска седница.
Пратениците минатиот четврток изгласаа, а собранискиот претседател ја потпиша одлуката за распишување оглас за нов народен правобранител.
Во моментов оваа институција функционира со двајца заменик-правобранители, односно со Илбер Руфати од Кичево и Соња Трифуновска од Скопје, но недостасуваат уште седум заменици на првиот омбудсман.
Зибери беше избран за народен правобранител во јануари 2021 година со 61 глас „за“ и ниту еден глас „против“ од претходното парламентарно мнозинство. Тој ја наследи функцијата од Иџет Мемети, кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години