Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница
Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната, 88. собраниска седница ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски. Седницата првично беше закажана за 11:00 часот, но од технички причини беше двапати одложена по што стартуваше во 16:00 часот.
Џафери информираше дека Милевски нема да ја образложи оставката која ја поднесе на 20 септември од лични причини.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница.
„Очекував подробно објаснување за седницата. Материјалите се испратени, а вие продолжувате со доставување нови предлог-закони по времето за почеток на седницата. Од каде ви е брзината, стручната и можноста, а интерпелации или референдуми од ВМРО-ДПМНЕ кај вас завршуваат на преводи по 20 – 30 дена. Законите што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ не може веднаш да бидат ставени на седница, а закони поднесени во 11:06, иако официјално дневниот ред се утврдува во 11:00, се наоѓаат како дополнение за оваа седница. Вие правите преседан, а ја повикувате опозицијата на конструктивност“,
рече Мицевски.
Претседателот на Собранието во текот на седницата информираше и дека Владата ги повлекла измените на Законот за енергетска ефикансост.
Пратениците дадоа поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.