Во оставката што на 19 јануари Алиу ја поднесе до премиерот, тој наведе дека заминувањето од функцијата е одраз на неговата лична и професионална анализа, додавајќи дека смета оти треба да го продолжи својот придонес во академското поле
Собранието на денешната седница ја констатира оставката на заменик-министерот за образование Лулзим Алиу кој на 19 јануари годинава поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Во оставката што кон крајот на јануари Алиу ја поднесе до премиерот Христијан Мицкоски, тој наведе дека заминувањето од функцијата е одраз на неговата лична и професионална анализа, додавајќи дека во претстојниот период смета оти е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле.
„Во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа како и посветеност кон семејството. Посакувајќи ви натамошни успеси во работата на Владата, искрено ви благодарам за довербата и за можноста што ми беше укажана да служам на оваа одговорна позиција“,
порача Алиу во писмото до Мицкоски.
Лулзим Алиу е кадар на коалицијата ВЛЕН, од редовите на Алтернатива.
