Димитровска поднесе оставка во петокот откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела

Собранието на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.
„Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека ѝ престанува функцијата претседател на Државната комисија за спречување на комисијата“,
истакна претседателот на Собранието Африм Гаши.
Димитровска поднесе оставка во петокот откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела – за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име го положил тестот за сертификат за државна тајна.
Димитровска во оставката се повика на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.