Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју овој месец најави дека се прават анализи за ново линеарно покачување на пензиите и дека одлуката ќе биде донесена наскоро
Со 79 гласа „за“ и ниту ееден „против“ или „воздржани“ пратениците вечерва ги усвоија измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите за 2 000 денари.

Според законот, сите видови пензии што се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за зголемување на пензиите пресметан како збир од 50 отсто на порастот на индексот на трошоците на живот и 50 отсто на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во претходното полугодие во однос на полугодието што му претходи, објавени од Државниот завод за статистика, сее дели со вкупниот број на корисници на пензија што правото на пензија го оствариле заклучно со 31 август 2025 година, односно 28 февруари 2026 година.
Пензиите ќе се зголемат за 2 000 денари.
Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се предвидува местото за поднесување на барањето за остварување на право на пензиско и инвалидско осигурување да биде местото на живеење на осигуреникот и се обезбедува соодветно усогласување на пензиите.
Во законското решение е предвидено ослуката по управниот спор да се донесе во рок од 30 дена, што ќе значи ефикасна и ефективна постапка во остварување на овие права.
Пратеничка на ВМРО-ДППМНЕ, Емилја Ангелова истакна дека со усогласувањата кои Владата ги прави и кои ги предвидуваат во овој Закон до септември 2025 годиина пензиите ќе бидат по 19 илјади денари, а во март 2026 година – 40 илјади денари. Потенцираше дека тоа покачување од над 50 проценти за две години е конкретен, реален и мерлив напредок.
Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ нагласи дека нејзината партија и коалицијата ќе го поддржат законското решение затоа што, како што рече, нивен приоритет бил покачувањето на пензиите, покачувањето на минималната плата, покачувањето на останатите плати.
Сепак опозицијата претходно ја коментираше одлуката за линеарно зголемување на пензиите за 1 000 денари, и посочи дека владата им нанесува директна штета на над 318 000 пензионери.
Според постојниот Закон за пензии, усогласувањето треба да се врши двапати годишно, во март и во септември, но и да се базира на растот на платите и животните трошоци. Ако не се промени законот, велат од опозицијата, пензиите во септември ќе се зголемат за околу пет отсто.
За потсетување, премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју овој месец најави дека се прават анализи за ново линеарно покачување на пензиите и дека одлуката ќе биде донесена наскоро.
Мицкоски тогаш спомена и конкретна сума од 1 000 денари, за која би требало да се покачат пензиите за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, а потоа да има повторно покачување на пензиите за истата сума во март 2026 година.
Но, за да има линеарно покачување на пензиите, потребно беше да се направи измена на Законот бидејќи според актуелниот модел тоа се врши процентуално.
Минатата година со линеарно зголемување пензиите беа покачени за 2 500 денари во септември, а во март годинава, повторно за 2 500 денари. Тогаш премиерот рече оти за таа намена биле потребни околу 40 милиони евра кои се обезбедија со ребалансот на Буџетот.