Собирите на кои повикаа француските градоначалници доаѓаат откако во немирите од пред неколку дена, група демонстранти со автомобил упаднаа во домот на градоначалникот на париското предградие Леј-ле-Роуз. Нападот се случил по полноќ кога тој не бил дома, а неговата сопруга и двете деца биле во куќата. Во обид да избегаат, таа и едно од децата на се здобиле со повреди
Пред општинските згради ширум Франција денеска се одржаа собири на кои повикаа француските градоначалници, а кои се одржуваат во знак на протест против немирите и насилството на улиците ширум Франција кои почнаа по убиството на 17-годишниот тинејџер Нахел М. од страна на полицијата.

Собирите пред општинските згради доаѓаат откако во немирите од пред неколку дена, група демонстранти со автомобил упаднаа во домот на градоначалникот на париското предградие Леј-ле-Роуз. Нападот се случил по полноќ кога тој не бил дома, а неговата сопруга и двете деца биле во куќата. Во обид да избегаат, сорпругата и едно од децата на градоначалникот се здобиле со повреди.
Градоначалникот на париското предградие Леј-ле-Роуз, Винсент Жанбрун, подоцна објави дека демонстрантите ја нападнале неговата куќа и обвини дека нападот бил обид за убиство, а полицијата започна истрага за случајот.
На денешниот собир во париското предградие Нантер, родното место на убиеното момче, градоначалникот Патрик Жари рече дека е задоволен што нередите се намалиле, но додаде дека не треба да се изгуби од вид инцидентот што ги поттикна немирите во Франција.
„Време е да се смири ситуацијата“,
додаде Жари.
Немирите ширум Франција започнаа по убиството на 17-годишниот тинејџер од страна на полицијата. Тој беше погребан во саботата на локалните гробишта во Нантер, а погребот помина без пристуство на новинари, во кругот на семејството и пријателите на починатото момче.
Сепак, немирите кои продолжија шеста ноќ по ред, го намалија интензитетот. Синоќа беше помирно, а полицијата приведе 78 демонстранти, речиси 10 пати помалку отколку ноќта од саботата кон неделата. Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон им наложи на министрите „да продолжат да прават сè за да се воспостави редот и да се гарантира враќање на безбедноста и мирот во француските градови“.