Маж од струшкото село Октиси со возило удрил полицаец кој го сопрел поради сторен сообраќаен прекршок, информираа од МВР.
Настанот се случил во Струга. Кога полицаецот сакал да го легитимира возачот, тој одбил, го стартувал возилото, удрил во полицискиот службеник и избегал.
Полицаецот бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а за настанот е известен и јавен обвинител.
