Обвинет е 67 годишен жител на Неготино кој, според Обвинителството, споделувал видео во кое користи навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Обвинет е 67 годишен жител на Неготино. Тој, како што наведува Обвинителстовото, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност.
„Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори“,
соопшти Обвинителството.
