Кичевец ги злоупотребил податоците на лице со здравствени проблеми
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 48-годишен кичевец кој злоупоребил лични податоци на лице со здравствени проблеми и подигнал кредит.
Тој кривичното дело го направил со тоа што ја искористил електронската пошта сопственост на лице со здравствени проблеми и без негово одобрение и во негово име склучил договор за кредит. Откако кредитот бил одобрен, тој од трансакциската сметка на оштетеното лице, ги подигнал парите.
Кривичната пријава е за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.