Едно од барањата што вечерва го соопштија е да се обезбеди видеонадзор и 24-часовно физичко обезбедување во Вардариште
„Со отров за нас, не барајте глас“ е една од паролите што вечерва ја извикуваа насобраните граѓани на протестот на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и АСНОМ, пред мостот „Близнаци“ во скопски Аееродром против загадувањето од депонијата во Вардариште.

Изминатите повеќе од две недели жителите на Аеродром и Ново Лисиче во организација на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ бараат надлежните да го слушнат нивниот глас и да најдат трајно решение за дивата депонија во Вардариште.
Едно од барањата што вечерва го соопштија е да се обезбеди видеонадзор и 24-часовно физичко обезбедување во Вардариште.
„И покрај игнорантскиот однос од институциите, нема да се откажеме од основното човеково право, а тоа е чист воздух“,
велат учеесниците на протестот.
Најавија дека на истата локација ќе се собираат секој ден во 18 часот, се додека надлежните не преземат сериозни акции за контрола и расчистување на депониите.
На крајот на август избувна голем пожар на дивата депонија во Вардариште, по кој воздухот со денови мирисаше на ѓубре и на изгорено.
Потоа, жителите на Аеродром и Ново Лисиче со денови се залеа дека во воздухот мириса на чад.