Времето на чекање во најголемите метежи во 2024 година било од три до четири часа, а оваа година со новоимплементираниот систем од 30 минути до еден час. Тоа, според министерот, е зголемување од 29 отсто на бројот на патници, а неколкукратно е намалено времето на чекање за поминување на оваа граница
Со воведување на системот за заедничка гранична проверка (One Stop) неколкукратно е намалено времето на чекање на преминот „Табановце“, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Дека се намалени метежите на „Табановце“, Тошковски денеска имал можност и лично да се увери при посетата на овој граничен премин, како и во функционалноста на новоимплементираниот систем за заедничка гранична проверки.
„Со овој систем се интегрираат прегледите на двете страни на границата. Значи, со елиминирање на двојните проверки и минимизирање на чекањето веќе се овозможува значително побрз проток на луѓе, патници и стоки“,
пишува министерот на Фејсбук.
На овој граничен премин во август имало 1 247 747 патници, а годинава 1 602 939 патници.
Времето на чекање во најголемите метежи во 2024 година било од три до четири часа, а оваа година со за заедничка гранична проверка од 30 минути до еден час. Тоа, според министерот, е зголемување од 29 отсто на бројот на патници, а неколкукратно намалено време на чекање за поминување на оваа граница.
Денеска Тошковски разговарал со раководството на Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово и за безбедносната состојба во регионот.
„Состојбата е стабилна и мирна, а бројките кажуваат зголемена откривачка дејност во областа на економскиот криминал и намалување на сообраќајните незгоди со жртви“,
вели тој.
Откако во функција ќе се стави и системот „Безбеден град“, каде што Куманово е во првите три града во кои тој ќе се имплементира, се очекува зголемување и на сообраќајната безбедност, но и во областа на јавниот ред и мир, вели министерот.