Од поважни партиски функции, Бимбилоски бил претседател на младинската организација на СДСМ во Охрид, а ја извршувал и функцијата генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година

Игор Бимбилоски од Охрид е нов член на Извршниот одбор на СДСМ. Тој е избран на последната седница на Централниот одбор со што е комплетиран новиот состав на ИО во кој девет се мажи, а девет жени.
„Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот ’Св. Кирил и Методиј‘ во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор. Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија. Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ“,
соопштија од СДСМ.
Од поважни партиски функции, Бимбилоски бил претседател на младинската организација на СДСМ во Охрид, а ја извршувал и функцијата генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.
Новото раководство на СДСМ беше избрано на 27 декември кога во новиот ИО влегоа: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.
Тогаш и Миле Зечевиќ беше избран за генерален секретар на партијата, Вангел Андревски за организационен, а Бојан Маричиќ за секретар за меѓународна соработки. Фатмир Битиќи остана потпретседател, а за нови потпретседатели беа избрани и: градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов; ексградоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и пратеничката и идна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.