Групата најавува дека на блокадите ќе останат и понатаму и се надеваат дека и други лица ќе ги поддржат и ќе се приклучат на протестот
Денеска група од 20 лица го блокирале административниот премин Мердаре од правец Куршумлија кон Подуево, јавува дописникот на РТС.
Лицата поставиле камион со приколка и трактори за да ги поддржат Србите во Косово.
Тие најавија дека на блокадите ќе останат и понатаму и се надеваат дека и други лица ќе ги поддржат и ќе се приклучат на протестот.
Вечерва, пак, претседателот на Србија Александар Вучиќ е во посета на единиците на вооружените сили меѓу Краљево и Рашка.
Претседателот Вучиќ, министерот за одбрана Милош Вучевиќ, амбасадорот Марко Ѓуриќ и директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ во касарната во Рашка ќе разговараат со претставници на Србите од северот на Косово.
Се очекува разговорите да траат до раните утрински часови.