Осветувањето на храмот траеше околу три часа. На церемонијата присуствуваа голем број верници, а меѓу присустните беа и премиерот Христијан Мицкоски, министри и други високи владини претставници, лидери на политички партии, градоначалници, академици
Со изградбата на овој храм се надминавме себеси – порача архиепискот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, на денешното осветување на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, чија изградба траеше 13 години.

Осветувањето на храмот започна утринава во 8:30 часот со ѕвонење на камбаната и траеше околу три часа. На церемонијата присуствуваа голем број верници, а меѓу присустните беа и премиерот Христијан Мицкоски, министри и други високи владини претставници, лидери на политички партии, градоначалници, академици.
„Изградивме храм со неверојатна убавина, но она што е најубаво во него е тоа што денес е исполнет со народ. Најубав храм е оној што е исполнет со верен народ, а денес, верувам, нема поубав храм од овој нашиов, па нека биде постојано така, да доаѓаме во храмот на секоја литургија и во секоја прилика за во осама да му се помолиме и да му заблагодариме на Бог, да го наоѓаме мирот и спокојот кој доаѓа одозгора. Да бидеме храмови што не можат да се урнат, храмови на вечниот живот“,
порача поглаварот на МПЦ-ОА.
Изградбата на храмот започна во 2012 година и траеше 13 години. Работите се интензивираа во 2024 година, со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околниот простор.