Сѐ уште не е јасно дали возачот на „мерцедесот“ намерно возел кон пешаците или се работи за несреќен случај
Најмалку три лица се тешко повредени, а други се здобиле со полесни повреди откако возач на автомобил марка „мерцедес“ попладнево влета во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, пренесува „Билд“.

Тамошната полиција соопшти дека е уапсен возачот на автомобилот.
Сѐ уште не е јасно дали возачот на „мерцедесот“ намерно возел кон пешаците или се работи за несреќен случај.
Инцидентот се случил околу 17:50 часот на фрекфентна крстосница со повеќе коловозни ленти во центарот на Штутгарт.
Полицијата на Штутгарт на социјалните мрежи објави дека инцидентот се случил во областа Олгаек и дека на терен покрај полициските екипи, се и тие на Итната медицинска помош.
„Местото на настанот е обезбедено, а на повредените им е укажана помош“,
се вели во соопштеението од полицијата.
#BREAKING | A car rammed into the crowd in Germany.
— wR (@WeReporter) May 2, 2025
At least 6 people were injured. pic.twitter.com/kUIxxuQavg