Како што посочи првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, за денеска е одбрано Собранието со цел вршење притисок за тие пратеници кои не гласаа за нивниот амандман, додавајќи дека треба да им се покаже оти работникот ќе им го памти тоа што не изгласаа бидејќи се работи за негова егзистенција
Димовски посочи дека како како претставници на работниците и како Синдикат имаат право од сите функционери и политичари кои нема да го поддржат барањето на ССМ за покачување на платите, да побараат оставка
Со 120 столчиња пред Собранието – број што го симболизира бројот на пратеници – денеска претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) симболично го означија почетокот на генералниот штрајк во јавниот сектор.

Штрајкот на ССМ, проследен со акцијата пред Собранието, како што истакна лидерот на Синдикатот, Дарко Димовски, е заради тоа што бараат поддршка од народните избраници за усвојување на поднесениот амандман кој предвидува покачување на платите на работниците во јавниот сектор за 2 806 денари од 1 јули.
„Што понатаму да кажам освен да го повикам работникот да се избори за своите и права, да се избори за својата егзистенција која ни е неопходна во моментов. Затоа ги повикувам сите народни избраници од сите политички партии нека дојдат денеска, нека ја дадат поддршката не на ССМ, туку на работникот, преку прифаќање на амандманот за 2 806 денари сега и веднаш“,
кажа лидерот на ССМ, Димовски, на прес-конференцијата пред Собранието.
Димовски посочи дека како како претставници на работниците и како Синдикат имаат право од сите функционери и политичари кои нема да го поддржат барањето на ССМ, да побараат оставка.
Ова, посочи Димовски, го кажувам одлучно и решително и сите колеги зад мене и сите работници се согласуваат, бидејќи, како што кажа, ние сме ги избрале за да ги напредуваат и чуваат нашите права и да ни излезат во пресрет сега кога ни е најпотребно – кога не знаеме колкава инфлација утре нè чека, кога не знаеме колкави цени во продавниците нè чекаат,
„Затоа, другари пратенции, другари од власта, другари од локалната самоуправа, сериозно сфатете си ја работата. Работникот се бори денеска за егзистенција и тоа мора на сите да ни биде јасно. Дајте работата да ја завршиме што поскоро за да немаме вакви реперкусии и двоумици кај нас работниците дали навистина сте вие за народот и за работникот“,
истакна Димовски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали имале притисоци од утринава кога е започнат штрајкот, Димовски кажа дека засега се соочиле со притисоци во едно претпријатие и институција, но оти сега ситуацијата е под контрола.
„Од сабајле се соочивме во едно претпријатие и во една институција со притисоци, но ние како ССМ ги пративме нашите регионални секретари и на тие директори и управители им објаснивме дека штрајкот е секаде пријавен, вклучително и до градоначалниците, до ЗЕЛС, до министерствата и до владата. Откако ги покажавме документитите, на наше задоволство тие се повлекоа и засега немаме проблем“,
кажа тој.
Димовски додаде дека во одредени институции и претпријатија од сабајле веќе се потпишувале спогодби за сите вработени да добијат покачување на платите за 2 806 денари од први јули.
Во 13 часот, како што додаде и самиот, регионалните секретари ќе поднесат извештаи и секаде онаму каде што ќе се прави пресија за работниците и штрајкувачките одбори – јавно ќе бидат објавени имињата на тие директори и управители.
Како што посочи првиот човек на ССМ, за денеска е одбрано Собранието со цел вршење притисок за тие пратеници кои не гласаа за нивниот амандман, додавајќи дека треба да им се покаже оти работникот ќе им го памти тоа што не изгласаа бидејќи се работи за негова егзистенција.
„Побаравме од нив доколку тој амандман во второто читање помине, тој треба да се врати во владата. Ние сме утре пред владата со 21 столче кое ќе ги претставува министрите бидејќи има 21 министер, за да не решат дека утре не знаат дека амандманот е од нас и дека нема да го прифатат. Ние правиме една акција каде што сите ќе ги запознаеме со нашиот амандман и од сите ќе бараме тој да биде прифатен бидејќи тој е неопходен во моментов и е егзистенција за работникот“,
заклучи Димовски.
Димовски посочи дека се чувствуваат изманипулирани и излажани од власта поради неусвојувањето на нивните барања и додаде дека работниците нема да потпаднат под притисокот оти доколку штрајкуваат ќе им бидат скратени дневниците.