Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 9:25 часот има забрана за сообраќај за автобуси, а за автомобилите е задолжителна зимска опрема

Студен бран проследен со обилни врнежи од снег и ниски температури ја зафати земјава. Според последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутринава најниска температура од минус 4 степени е измерена на Попова Шапка, каде што висината на снежната покривка достигна 31 сантиметар.
И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонски ски-центри, „Ски Македонија“, каде се емитува видео во живо од Попова Шапка, може да се види дека има нова снежна покривка.
Освен на Попова Шапка, од видеата во живо на каналот на „Ски Македонија“ може да се види дека и во другите скијачки центи има снежна покривка, а во некои од нив и утринава провејува снег.
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 9:25 часот има забрана за сообраќај за автобуси, а за автомобилите е задолжителна зимска опрема.
И некои од градовите утринава се со снежна покривка. Во Крива Паланка, според информациите од УХМР, има наврнато два сантиметри снег.
И Тетово утринава се разбуди со снежна покривка, а и во Скопје е забелено.



Од УХМР велат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец над 60 километри на час.
