Од МВР велат дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик

Полицијата привела 40-годишна жена по сообраќајна несреќа што се случила во скопското село Волково, во која животот го загубил еден пешак.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила на 03.01.2026 година околу 20:55 часот на улицата „100“. Четириесетгодишната М. С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г. И. (60), исто така жител на селото Волково.
Од ударот 60-годишниот пешак се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал на самото место. Лекар од екипата на Итната медицинска помош, која пристигнала на местото, констатирал смрт.
Полициски службеници од СВР Скопје, во текот на ноќта во 00:45 часот ја лишиле од слобода возачката М. С.
„Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик“,
соопштуваат од полицијата.
