Се работи за 67-годишниот поранешен диџеј Џо Мекарон кој го послушал неговиот помлад пријател. Видеоснимката се прошири на социјалните мрежи по смртта на Мекарон
Џо Мекарон, поранешен радио диџеј во Ирска, почина како последица од ковид, само неколку дена откако на сопствена одговорност ја напуштил болнициата.
Како што јавува индекс.хр всушност тој се одлучил на ваков потег, по убедување на Антонио Муреду, кој е познат по неговите антиваксерски ставови.

Пораката што ја добил Мекарон од Муреду во која тој му кажува да ја напушти болницата е снимена, а снимката пред една недела се појави на социјалните мрежи.
„Ако останеш тука, ќе те убијат, Џо. Облечи ги панталоните, одиш дома, безбеден си. Следи ме и никој дури и нема да те допре”,
му вели Муреду на Меккарон, кој на видео снимката се слуша како тешко дише.
На снимката се гледаат и лекари кои му приоѓаат на Мекарон за да се обидат да го убедат да остане во болница:
„Едвај дишеш. Сакаме да останеш да ти помогнеме”,
му велат тие, додека Муреду продолжува да го убедува да си замине.
„Она што тој го вели е многу опасно. Она што го вели е погрешно и многу опасно, мислам дека го загрозува вашиот живот. Имаш сериозна болест и, нема да те лажам, може да умреш. Но, тука можеш да добиеш кислород и сета потребна помош”,
му вели докторот на Мекарон, но неговото убедување се покажало неуспешно.
Неколку дена пред да почине, Мекарон итно бил вратен во болница, но било предоцна. Тој починал на 24 септември и бил погребан два дена подоцна.
Семејството на Мекарон го осуди потегот на „таканаречените пријатели на Џо“, а случајот го истражува полицијата.
