Словенечката влада објави дека донела одлука сите оние што доаѓаат од Северна Македонија да мораат да одат во задолжителен 14-дневен карантин, јави МИА од Љубљана.
Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.
„Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите оние што ќе дојдат во Словенија од таа држава, дури и словенечките државјани, мора да одат во 14-дневен карантин“,
објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.
Карантинот за Словенците што се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.
Во Марибор три нови случаи со ковид-19, соучениците на детето во карантин
Минатата недела и соседна Бугарија воведе задолжителен карантин за македонските државјани.