Околу Нова година очекуваме нов пораст на епидемијата поради брзото ширење на варијантата Омикрон. Тоа ќе влијае и на бројот на хоспитализирани“, велат од Институтот за истражување кој прави проекции за СОВИД-19 за владата
Словенија регистрираше 666 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е за 103 помалку од пред една недела, а уште седум лица починаа од ковид-19, со што вкупниот број на починати се искачи на 5 542, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.
Стапката на позитивни од тестирани е 30,9 проценти, а седумдневниот просек е 1 069 на ден. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 16 072, а 577 заразени лица се на болничко лекување, вклучително и 197 кои се на интензивна нега.
Некои проекции укажуваат дека на почетокот на Новата година може да се очекува нов нагорен тренд на епидемијата поради брзото ширење на сојот микрон.
„Околу Нова година очекуваме нов пораст на епидемијата поради брзото ширење на варијантата омикрон. Тоа ќе влијае и на бројот на хоспитализирани“,
според Институтот за истражување, кој прави проекции за ковид-19 за Владата.
Повикувајќи се на овој институт, локалните медиуми соопштија дека варијантата омикрон може да претставува 60 отсто од новите инфекции со ковид на почетокот на Новата година и со тоа да стане доминантна варијанта.
Словенија забрани масовни дочеци на Нова година на отворено, но дозволи работа на угостителите до раните утрински часови за оние што имаат ковид-сертификати или негативен тест.