Владата наскоро би требало да одлучи дали ќе ги прифати препораките на епидемиолозите за дополнителни рестрикции за време на божиќните и новогодишните празници поради ширењето на новата варијанта на вирусот омикрон, кој е откриен речиси во сите региони

Поради варијантата на ковид-19, сојот омикрон, словенечката влада утре се очекува да донесе нови мерки кои ќе важат во текот на празничниот период, но бројките на новозаразени и натаму се во пад, а се намалува и бројот на хоспитализации.
Во последните 24 часа се откриени 1 255 позитивни случаи, 300 помалку од претходниот ден, кога позитивни биле 22 отсто од тестовите, а од последица на ковид починале уште шест пациенти, објави националниот Институт за јавно здравје во Словенија.
Пред седум дена состојбата била посериозна бидејќи имало 1 529 новозаразени лица, а 25,9 отсто од тестовите биле позитивни.
Еднонеделниот просек на потврдени нови случаи во еден ден паднал на 1 154 случаи, а 14-дневната инциденца на 819 позитивни случаи, додека бргу се намалува и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.
Моментално во болниците има 640 пациенти, од кои 206 на интензивна нега, а бројот на починати од почетокот на пандемијата во оваа земја изнесува 5 518, според податоците на словенското министерство за здравство.
Владата наскоро би требало да одлучи дали ќе ги прифати препораките на епидемиолозите за дополнителни рестрикции за време на божикните и новогодишните празници поради ширењето на новата варијанта на вирусот омикрон, кој е откриен речиси во сите региони.
Мерките предвидуваат забрани за масовни собири за дочек на Нова година и некои ограничувања за трговските центри, додека угостителските објекти, според најавите, и натаму ќе работат за оние што имаат ковид-сертификат, а за новогодишната ноќ веројатно и со продолжено работно време, до два часот наутро.