Според статистиката на школата „Оксфорд Мартин“, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просек од 23,23 починати на милион жители.
Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде што Бугарија е на врвот на листата со 19,86 починати на еден милион, потоа Северна Македонија со 14,88 и Босна и Херцеговина со 14,76 на еден милион жители, пренесува порталот „24 ур“.
На почетокот на пандемијата, Белгија имаше највисока неделна смртност со 28,77 смртни случаи.
Во однос на вкупната смртност, најпогодена е Велика Британија, каде што починале 3,6 проценти од вкупниот број на пациенти, по што следува Италија со 3,5 проценти.
