Словенечката Влада им нареди на надлежните служби до 5 декември да се подготват за масовно тестирање на населението за ковид, како и да подготват список на доброволци за вакцинација, објави словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер.
Според Јанша, одлуката е донесена врз основа на проценки на состојбата со епидемијата и во согласност со консултациите на европско ниво, објави агенцијата СТА.
Од понеделник, ќе започне систематско тестирање на вработените во здравствените установи и домовите за стари лица.
Вкупно 6 580 тестирања се направени во изминатите 24 часа, при што регстрирани се 1 690 позитивни лица, додека 31 лице почина како последица на ковид-19. Со ова, бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина 1 000, соопшти владата во саботата.
Вкупниот број позитивни тестови во вкупниот број на направени тестови е 25,68%, што е помалку отколку во петокот. Вкупниот број на заразени, пак, од избувнувањето на епидемијата се зголеми на 64 270.
Во моментов, 1 219 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците, 21 повеќе отколку вчера, а во единиците за интензивна нега има 197 пациенти, еден повеќе од вчера.
