Словенија од денеска активира станици за брзо тестирање на коронавирус на пет гранични премини со Хрватска, како и на аеродромот во Љубљана.
Воведено е правило за задолжително тестирање на сите патници кои пристигнуваат од земји од т.н. црвена листа кои немаат негативен резултат на ПЦР тест, не постар од 48 часа.
Сите оние кои одбиваат да бидат тестирани или се позитивни, ќе бидат вратени во земјата од каде доаѓаат.