Здружението на трговците на Словенија е против предлог – законот со кој ќе се забрани продавниците да работат во недела, и кој доби поддршка и од власта и од опозицијата.
Од здружението сметаат дека со ваквото решение, директни губитници ќе бидат токму вработените во овој сектор. Пресметките покажале дека доколку трговските објекти останат затворени секоја недела, прометот би опаднал за 10 отсто, што директно би влијаело и врз платите на вработените во трговијата.
„Во овие кризни времиња потребно е и работниците и синдикатите и политичарите да настапат обединети со идеи за повторен раст на економијата и трговијата, а не да се преземаат мерки со кој дополнително ќе се влоши ситуацијата“,
сметаат од Здружението на трговци на Словенија, јави МИА од Љубљана.
Инаку, овој предлог Закон доби поддршка и од власта и од опозицијата.