Словенија ќе вложи четири милиони евра во подобрувањето и усовршувањето на образованието на далечина односно неговата дигитализација, јавува МИА.
Како што соопшти словенечкото Министерството за образование, парите ќе бидат потрошен пред се за подобрување на информатичката инфраструктура и набавка на 4 220 компјутери за сите оние што немаат или не се во финансиска можност да купат.
Поради епидемијата со новиот коронавирусот, во земјата беа затворени сите училишта и факултети, а образовниот процес продолжи преку интернет видео врска меѓу учениците и наставниците односно студентите и професорите.
Средства за реализација на овие проекти Словенија го доби од Европска Унија.