Со оваа одлука, владата испраќа јасна порака до државата Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право, се додава во објавата на словенечката влада на социјалната мрежа Икс
Словенечката влада на денешната седница го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за персона нон грата и му забрани влез во земјата, што, според државната секретарка во Министерството за надворешни работи, Нева Грашиќ, следува по мерките што веќе се преземени против двајца екстремистички израелски министри, Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, кои беа прогласени за персона нон грата во јули.

„Јавноста е свесна дека против него се води постапка за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики ги кршат и меѓународното хуманитарно право и човековите права“,
рече Грашиќ во врска со мерката против Нетанјаху.
Со оваа одлука, владата испраќа јасна порака до државата Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право, се додава во објавата на словенечката влада на социјалната мрежа Икс.
Državna sekretarka @MZEZ_RS Neva Grašič:
— Vlada Republike Slovenije (@vladaRS) September 25, 2025
Vlada je danes sprejela ukrep proti Benjaminu Netanjahuju, predsedniku vlade države Izrael, ki sledi že sprejetim ukrepom proti dvema ekstremnima izraelskima ministroma.
Javnosti je znano, da proti njemu tečejo postopki zaradi storitve… pic.twitter.com/coBH2n2TJv
„Со тоа, Словенија ја потврдува својата посветеност на меѓународното право, универзалните вредности на човековите права и принципиелната и конзистентна надворешна политика“,
стои во објавата.
Денешниот потег следува по одлуката на Словенија во јули да ги прогласи израелскиот министер за национална безбедност Бен-Гвир и министерот за финансии Смотрич за персона нон грата.
Словенија, земја членка на ЕУ што минатата година ја призна палестинската држава, во август воведе ембарго за оружје врз Израел и забрани увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел, објави Ројтерс.