Задолжителна двонеделна самоизолација е воведена денеска за оние што влегуваат во Словачка, а не се вакцинирани против коронавирусот, објави словачката ТВ ТА-3.
По петтиот ден, самоизолацијата може да се прекине предвреме откако ќе биде направен негативен тест за ковид-19.
Слободно влегување во земјата е дозволено само за вакцинирани лица што приложиле документ на англиски јазик, преведен на словачки или чешки јазик. За нив се означени специјални ленти на граничните пунктови.
При транзитен премин, автомобилите што влегуваат во земјата мора да ја напуштат најдоцна за осум часа, а можат да застанат само за полнење гориво.