Според него, неопходно е да се финализира сè што е постигнато во однос на вистинските безбедносни гаранции
Следната рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на Соединетите Американски Држави (САД), треба да се одржи во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на почетокот на март, изјави во синоќешното обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Неопходно е да се финализира сè што е постигнато во однос на вистинските безбедносни гаранции и да се подготви состанок на шефовите на држави“,
рече тој.
Токму состаноците на лидерите би можеле да помогнат во решавањето на клучните прашања, особено кога станува збор за Русија и нејзиниот, како што рече, персонализиран режим.
„Војната мора да заврши, тоа е ставот на Украина и на сите наши партнери“,
додаде Зеленски.
Ова тој го изјави и по разговорите меѓу украинската и американската делегација одржани во Швајцарија, кои беа подготовки за нова трилатерална средба со Русија.
Зеленски рече дека неколку пати разговарал со украинските преговарачи Рустем Умеров, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и Давид Аракхамија,членот на преговарачкиот тим на Украина, како и со специјалните претставници на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Кирил Дмитриев, претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, вчера се сретна со американски претставници во Женева, но коментираше за исходот од состанокот.
Зеленски повтори дека Москва не е подготвена за мир.
„Путин не ја запира својата воена машина, туку напротив се подготвува да ја продолжи борбата, а светот мора да биде подготвен да изврши притисок врз Русија да го промени тоа“,
кажа тој.
Посочи дека решението се санкции врз рускиот извоз на енергија и банки.
