Вакцините против сезонски грип се очекува идната недела да пристигнат во државава. соопштија од Министерството за здравство.
Вкупно се набавени 40 000 дози на четиритипни вакцини производ од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“, кои се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи:
-лица на возраст над 65 години;
-лица со хронични заболувања;
-здравствени работници;
-бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години.
Согласно препораките на Комитетот за имунизација, временската рамка за вакцинација е почетокот на ноември, а закажувањето на термините ќе почне веднаш по пристигнувањето на вакцините.
Измунизацијата ќе биде со упатување од матичен лекар преку системот „МојТермин“ и тоа во период од 14 до 19 часот. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, каде и ќе се врши вакцинирањето.
Центарот за јавно здравје Скопје ќе набави 4 000 вакцини, а цената на една вакцина ќе чини 800 денари.
Имунизацијата против грип во Здравствениот дом – Скопје ќе се одвива во поликлиниките Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.
