Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, на гостување на ТВ Телма предмалку изјави дека неговата партија победува во првиот круг на локалните избори во вкупно 11 општини. Најголемата е Прилеп.

Сите општини во кои ВМРО-ДПМНЕ победува во првиот круг, според Славески, се:
- Јегуновце;
- Градско;
- Могила;
- Сопиште;
- Петровец;
- Прилеп;
- Виница;
- Босилово;
- Василево;
- Карбинци и
- Илинден.
Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во некоја од скопските општини бидејќи партискиот портпарол Димче Арсовски најави дека ВМРО-ДПМНЕ води во сите, Славески ја „спушти топката“. Објасни дека како партија имаат информации за водство во одредени избирачки места, кои би можеле да бидат индикација за конечниот исход.