Никој не кажал дека против она законско редовно усогласување на платата и дополнителното. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Да бидеме начисто никој не е зголемување на платите, напротив, изјави во емисијата „Топ тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.
Тој додаде дека донесувањето за минималната плата „можело да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството“.
„Тоа е така затоа што кај нас синдикати од приватниот сектор речиси и да не постојат. Има податок дека само околу 5 отсто од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои со месеци ќе се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми и закани“,
рече Славески, обвинувајќи дека токму СДСМ е виновна за недостатокот на синдикати во приватниот сектор.
Според Славески, треба да има и усогласување на колективните договори, а истакна дека тој веќе „јавно ги прашувал надлежните за тоа“.
„Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12 000 на 14 500. Еве сега во моментов наставник кој има 24 000 плата треба да има 44 000 плата според коефициентот“,
истакна Славески.