Земјотрес со епицентар во близина на Скопје вечерва беше почувствуван од жителите на главниот град.

Потресот се случи нешто по 11 часот, а според првичните информации, тој бил со јачина од 2,7 степени по Рихтеровата скала.
Епицентарот, според веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил во близина на Петровец, а потресот се случил на мала длабочина од околу 5 километри.