При обидот за бегство, сопственикот на куќата го забележал осомничениот и се обидел да го спречи. Осомничениот тогаш физички го нападнал оштетениот, го турнал во грмушките во дворот и избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за сторено кривично дело разбојничка кражба по член 238 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството истовремено достави предлог до Судот за определување мерка притвор за осомничениот.
Кривичното дело се случило на 19 октомври на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.
Осомничениот со цигла го скршил стаклото од прозорецот на спалната соба и влегол во куќата. По пребарувањето, тој пронашол и одзел вкупно 1 580 евра и 2 000 денари и се обидел да го напушти местото.
При обидот за бегство, сопственикот на куќата го забележал осомничениот и се обидел да го спречи. Осомничениот тогаш физички го нападнал оштетениот, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Јавното обвинителство го поднесе предлогот за определување притвор поради опасност од бегство на осомничениот, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризик осомничениот да го повтори делото.
