Во текот на вчерашниот ден скопската полиција изрекла 303 санкции во рамки на засилените акциски контроли во сообраќајот.
Според статистиката на МВР, повеќе од половина од казните – 156 биле за прекршоци направени од пешаци. 53 биле за возење над дозволената брзина, а 20 за возење без возачка дозвола.
„Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање“,
додаваат од МВР.
Оттаму порачуваат дека засилените контроли ќе продолжат и понатаму и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.