Данела Арсовска најавува најмалку 12 фестивали во главниот град, а Шилегов вели дека скопската Зоолошка градина прераснува во регионална туристичка атракција, додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги вкрстија копјата и за Унуверзална сала
Скопје станува модерна културна престолнина, наместо главен град на лажниот барок и кичот, реагираат од СДСМ, по денешната прес-конференција на кандидатката за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, која оценува дека во главниот град веќе нема модерни фестивали. Таа вети и дека Скопје ќе биде град на фестивали, доколку стане градоначалничка.
„Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. ‘Златно славејче’, кое е симбол на Скопје, ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на ‘Скопје џез фестивал’…
изјави Арсовска.
Според Арсовска, доста е од ветувања без реализација посебно кога станува збор за ветувањата за реновирање на Универзалната сала. Додава дека, покрај функционална Универзална сала, во нејзиниот мандат ќе се изгради и концертна арена на отворено. Во соработка со општина Аеродром, како што вели, ќе се инвестира во нов мултифункционален културен центар во Ново Лисиче…
Од СДСМ,пак, реагираат со констатација дека скопјани не забораваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја избриша Универзална сала од урбанистичките планови и на нејзино место, како што велат, нацрта огромна бетонска грдосија.
„Со Петре Шилегов Универзална сала почна да го добива своето ново лице, се реконструира во постојниот облик и габарит, и гозадржува нејзиниот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.
се наведува во реакцијата на СДСМ, по прес-конференцијата на Арсовска, во граѓанскиот штаб во центарот на Скопје.
Ќе го реконструираме и Мултимедијален центар „Другарче“ во нов општински
мултимедијален центар на културата, во Кисела Вода ќе креираме младински културен центар
и културен центар во Шуто Оризари. Го ставаме Скопје на мапата на европски престолнини на културата, како кандидат за титулата во 2028 година“,
Актуелниот скопски градоначалник и кандидат на СДСМ за нов мандат, пак, денеска најави дека скопската Зоолошка градина ќе стане регионална туристичка атракција.
„Град Скопје и Зоолошката градина работат на поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните. Во континуитет се работи и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители од кои голем дел се странски туристи“,
вели Шилегов.