Иако Скопје се наоѓа на 15. место на листата на најзагадени градови во светот, со индекс на загаденост од 159, од европските градови пред него се наоѓа само главниот град на Босна и Хервеговина, Сараево, со индекс на загаденост 297
Скопје утрово е втор на листата на најзагадени градови во Европа според податоците на платаформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју-ер“.

Иако Скопје се наоѓа на 15. место на листата на најзагадени градови во светот, со индекс на загаденост од 159, од европските градови пред него се наоѓа само главниот град на Босна и Хервеговина, Сараево, со индекс на загаденост 297.
Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град во земјава е означен во категоријата „нездрав“.
Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките, чија концентрација е 66,4 микрограми на кубен метар.
Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 13,3 пати поголема од годишната вредност.
Сараево, според „Ај-кју-ер“, е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот, односно на второто место во светот, а прв во Европа.


Прв на листата на најзагадени градови во светот е градот Лахор во Пакистан, потоа следува Сараево во Босна и Херцеговина, па Делхи во Индија и Дубаи во Обединети Арапски Емирати. На петтото место се наоѓа Калкута во Индија, а потоа следуваат неколку градови во Кина.
На листата пред Скопје се наоѓа и Кувајт во Кувајт, Багдад во Ирак, Карачи во Пакистан и Сантиаго во Чиле.
Според експертите, високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на грејни тела.
