Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“
Главниот град на земјава, Скопје вечерва е во петорката најзагадени градови во Светот, со индекс на загадување од 175, според последните податоци на платформата „Ај-кју-ер“.
Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.
Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 89,9 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 122,1 микограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 18 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).
Најзагаден град во светот во моментов е Лахор во Пакистан. По него на непопуларниот список се Делхи (Индија), Ханој (Виетнам), по кој следува главниот град на земјава, а зад Скопје е Багдат (Ирак).
Од балканските градови најблиску до Скопје е Сараево кој со индекс на загадување 162 се наоѓа на шестото место според „Ај-кју-ер“.